Со три гостински победи стартуваше новиот кугларски шампионат на Македонија! 

Со три натпревари, сите одиграни во кугланата „Мусандра 1-4“, изминатиов викенд стартуваше новиот шампионат на Македонија во куглање. 

Првото коло, кое ќе се комплетира за два дена со мечот меѓу 18 Август 2016 и ЖКК ГТЦ Мусандра, мина без ниту едно поголемо изненадување и со победи на Пелистер, Макпетрол и Вардар. 

Шампионот Макпетрол со 1-7 славеше над ГТЦ Мусандра, додека Пелистер 1982 беше поуспешен од Империјал со 2-6. Вториот битолски тим Пелистер ТС Холдинг, кој е составен од надежни кугларки, својот домашен дуел со Вардар го играше во Скопје и го загуби 0-8. 

Резултати од првото коло на МКЛ:

Пелистер ТС Холдинг - Вардар 2014 0-8
Империјал Тобако ТКС - Пелистер 1982 2-6
ГТЦ Мусандра - Макпетрол 1-7

Последниот натпревар од првото коло помеѓу 18 Август 2016 и ЖКК ГТЦ Мусандра е закажан за в среда во „Мусандра 1-4“.