Словачка Подбрезова го освои кугларскиот турнир на Макпетрол

Спортски реквизити за куглање

Словачката екипа Подбрезова е победник на 21. издание на меморијалниот турнир во куглање „Гаврило Гаврилски“ во организација на Макпетрол. Подбрезова го оправда епитетот фаворит во екипна конкуренција и победи со 3607 соборени дрва, Макпетрол на второто место собори 3556, а третото го освои Црвена Звезда со 3495 соборени дрва.

Очекувано, најдобриот куглар во моментов во светот, Вилмос Заварко од екипата на Подбрезова, беше најуспешен во поединечна конкуренција со 666 соборени дрва, со личен рекорд , а Ибрахим Мемеди од Макпетрол со личен рекорд од 660 соборени дрва заврши како втор. 

Покрај традиционално доделените пехари и медали, Макпетрол ги награди најдобрите и со парична награда, Подбрезова во екипна конкуренција како победник со 1500 евра, Заварко во поединечна со 300 евра.