• Зоран Мишевски

Вториот Меѓународен кугларски турнир „8 септември” ќе се одржи во кугланата во СЦ „Борис Трајковски“. Во организација на КК Вардар, а по повод денот на независноста на Република Македонија, покрај домаќинот Вардар, ќе учествуваат и КК ГТЦ Мусандра од Скопје, Калцит Камник (Словенија), Мертојак од Сплит (Хрватска), Партизан од Белград (Србија) и Белград од Белград (Србија).
Учесниците ќе се натпреваруваат и поединечно и екипно, а ќе бидат доделени награди за најдобрата екипа и на најдобрите поединци.
Турнирот треба да ознчи нова ера во македонското куглање и да стане традиционален на почетокот од септеври секоја година.