Сигурни победи на Макпетрол и Вардар, бодови и за вториот тим на „црвено-црните“

По некомплетното трето коло, со кое се отвори пролетната полусезона од македонскиот кугларски шампионат, изминатиов викенд се одигра четвртото коло во кое фаворите без многу проблеми стигнаа до нови победи.

Шампионот Макпетрол со сигурни 1-7 славеше над женскиот клуб на Пелистер Т&С Холдинг, а со идентичен резултат до нови бодови стигна и Вардар, против ГТЦ Мусандра од Скопје. 

Нов триумф на своето конто впиша и вториот тим Вардар, откако со 6-2 беше поуспешен од женскиот тим на ГТЦ Мусандра. Во ова коло слободен беше тимот на Пелистер.

  • Комплетните резултати од четвртото коло: