• Горан Упале
Кугларите на ГТЦ Мусандра ја приредија една од најголемите сензации во поновата историја во македонското куглање, откако преку најтрофејниот се пласираа во финалето на Купот на Македонија.
Во денешното полуфинале ГТЦ Мусандра го изненади и надигра големиот фаворит Макпетрол и со победата од 6-2 се пласираше во мечот за трофејот во ова натпреварување.
Противник на скопскиот тим во финалето ќе му биде Вардар, кој со идентични 6-2 славеше над битолски Пелистер. Големото финале на програмата е следниот викенд. ГТЦ Мусандра ќе атакува на својата прва титула, додека Вардар на трета.