• Горан Упале

Младите куглари Петар Радовиќ од Макпетрол и Драгана Гаврилова од ГТЦ Мусандра се новите државни шампиони во категоријата до 23 години.
Радовиќ со фантастичен втор ден и соборени 542 кегли успеа зад себе да ги остави Мартин Митиќ од Вардар и Александар Младеновски од Пелистер.
Драгана Гаврилова пак, до првото место во женска конкуренција стигна откако беше поуспешна од Михаела Ристовска од Пелистер ТС Холдинг и Моника Петровска од ГТЦ Мусандра, кои завршија на второто, односно третото место.