• Горан Упале

Новиот претседател на Кугарлската федерација на Македонија, Игор Михајовски, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, на која се разговараше за куглањето во градот, кое што е згаснато подолго време.
Поради пожар во спортската сала, прилепската кугланата беше уништена. Првиот човек на КФМ верува дека градот под Марковите кули во следниот период ќе добие нова куглана.
„Прилеп е град кој имал куглана во минатото, но поради пожар во спортската сала, истата била уништена. Радува фактот што има добра волја од „таткото“ на градот, презентирани беа предностите и бенефитите од еден ваков спортски објект за град како Прилеп и веруваме дека нова куглана може да никне во наредните три години. Тоа би значело многу за граѓаните на Прилеп и прилепско, за Пелагонискиот регион, но и општо за македонското куглање“, вели Михајовски по средбата во Прилеп.
Михајловски пред неколку месеци ја презеде функцијата прв човек на КФМ и од Прилеп ги започна своите активности кои ќе треба да донесат поголем интерес за куглањето од страна на сите фактори во општеството.