Познати шесте учесници на кугларскиот турнир „8 септември“

Најдобриот тим во Европа купот е најзвучното име кое ќе дојде во Скопје на турнирот кој го организира КК Вардар.  На 7 септември во кугларницата „ВИП“ при СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одрижи интернационален турнир „8 септември“, кој се организира по повод денот на независноста на нашата земја.

Организаторот ги дефинираше учесниците на турнирот, па практично турнирот ќе биде балкански шампионат во мало. 

Учесници на турнирот „8 септември“:

  • Вардар (Македонија)
  • Мертојак Сплит (Хрватска)
  • Ревита Бања Лука (БиХ)
  • Калцик Камник (Словенија)
  • Партизан (Србија)
  • Белград (Србија)

Сплитски Мертојак е фаворит за освојување на првото место на турнирот.