Познати полуфиналните парови во кугларскиот Куп на Македонија

Овој викенд во кугланата „Мусандра“ во Скопје се одржаа квалификациите за кугларскиот Куп на Македонија, по што познати се најдобрите четири екипи кои ќе продолжат да се борат за овој трофеј. 

На овие квалификации изненадувачки најдобар резултат остварија кугларите на Империал Тобако, кои со 3.227 соборени кегли се пласираа на првата позиција. На второто место се пласира ГТЦ Мусандра со 3.197,  шампионот Макпетрол застана на третата позиција (3.194), а последниот патник меѓу четири најдобри е битолскиот тим на Хераклеа (3.097). 

По правилото на прв со четврт и втор со трет, веќе се познати и полуфиналните средби од овој Куп, односно Имеријал Тобако ќе се судри со Хераклеа, додека Макпетрол ќе се натпреварува со ГТЦ Мусандра. Полуфиналните натпревари се закажани за 14 и 21 април.