Поискусниот Вардар се намачи во „братското“ дерби, победи и на кугларите на Макпетрол и ГТЦ Мусандра

Откако во март поради пандемијата предвреме беше ставен крај на шампионатот, викендов што е зад нас со три натпревари, сите одиграни во Скопје, стартуваше новата сезона во Македонската кугларска лига. 

Поради откажувањето во последен момент на 18 Август 2017, новата сезона ќе брои седум екипи, а новина е тоа што Вардар ќе се натпреварува со две екипи. Токму во првото коло од новиот шампионат ждрепката посака „братско“ дерби, кое очекувано заврши со победа на поискусните од 3-5, иако младите вардарци покажаа силен отпор и имаа квалитетно деби.

Шампионот Макпетрол новата сезона ја отвори со сигурен триумф над битолски Пелистер со резултат од 6-2, додека најубедлив беше тимот на ГТЦ Мусандра, затоа што со 8-0 славеше над женскиот клуб на Пелистер. Во првото коло слободен беше женскиот тим на ГТЦ Мусандра. 

  • Комплетните резултати од првото коло во Македонската кугларска лига: