Пелистер 1982 со голема победа над Вардар ги сочува шансите за вицешампионско место

Екипата на Пелистер 1982 извојува значајна победа над големиот ривал Вардар, по која значително ги задржа шансите за втората позиција на табелата во кугларскиот шампионат на Македонија. 

Изминатиов викенд се одигра 11-то коло од македонската кугларска лига, во кое битолските куглари, како домаќини во Скопје беа поуспешни од вардарци со 5-3 и се зацврстија на третата позиција со само два бода помалку од ГТЦ Мусандра.

Шампионот Макпетрол со убедливи 7-1 славеше над женскиот тим на ГТЦ Мусандра, 18 август на гости со 3-5 извојува победа над Империјал Тобако, додека Пелистер Т&С Холдинг загуби со убедливи 8-0 од ГТЦ Мусандра. 

До крајот на сезоната преостануваат уште три кола, во кои се очекува Макпетрол да ја потврди доминацијата и да го одбрани трофејот, додека неизвесна ќе биде борбата за втората позиција меѓу ГТЦ Мусандра и Пелистер 1982.