ФОТО: Остана во Скопје, но Димитровски „беше“ на дербито во Хрватска

Претседателот на кугларскиот тим Вардар, Димитар Димитровски кој е активен играч на хрватски Метројак, не беше во можност да патува во Хрватска. 

Поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, Димитровски не присуствуваше на дербито меѓу Метројак и Запрешиќ, но неговите соиграчи најдоа начин како да го импровизираат неговото присуство.

Тие имаа изработено картонска фигура со ликот на кугларот во човечка форма и истата ја искористија, па Димитровски се закити со медал. 

  • Фотографии од дербито во Хрватска: