Одличен настап на Алековска: Обезбеди финале на СП во куглање до 18 години

Младата кугларка Стефанија Алековска имаше одлично деби и забележа голем успех на Светското првенство кое се одржува во Крањ и Камник, Словенија.

Во конкуренција до 18 години, Алековска покажа дека има квалитет да се натпреварува со најдобрите и со својот резултат (532) ги продолжува настапите на овој турнир, односно си обезбеди финале, кое е закажано за в четврток. 

Во екипна конкуренција, Македонија У18 заврши на десеттото место (Стефанија Алексовска 532, Емилија Переска 494, Ивана Трајчевска 482, Андреа Вељаноска 477) и зад нас останаа Италија и Естонија.

Во следните денови, нашите девојки ќе имаат настапи и во дисциплините тандем и спринт. Во тандем играме против Полска, и доколку ја поминеме првата рунда ќе се сретнеме со победникот од натпреварот меѓу Германија и Австрија. Во првото коло во спринт, пак, за противник ќе имаме кугларка од Словачка и од Хрватска.