Новата кугларска сезона почнува на десетти септември, машките и женските екипи во една лига

Кугларската Федерација на Македонија пред неколку дена доби нов претседател. Селекторот на младинските категории и поранешен потпретседател, Игор Михајовски, е назначен за прв човек во македонското куглање.

Михајловски ја доби довербата од сите делегати, а назначени се и неговите помошници. Потпретседатели се Игор Герасимовски од КК Макпетрол и Димитар Димитровски од Вардар.

На првата седница на новиот извршен одбор донесена е следната одлука:

  • Членови на Извршниот одбор покрај горенаведените тројца се и Реџа Николиќ од ГТЦ и Емилија Переска од Пелистер Пин. 
  • Натпреварувачката комисија ќе ја сочинуваат: Зоран Ристиќ, Димитар Димов, Ивана Трајчевска, Љубомир Тодоровски, Влатко Трајчески
  • Дисциплинската комисија ќе ја сочинуваат: Сашо Трпковски, Слободан Лазарков, Андреа Велјановска, Драган Младеновски, Столе Ѓорѓиевски
  • Регистрационата комисија ќе биде составена од: Николче Крстев, Цане Поповски и Пеџа Николиќ.

Договорен е почетокот на Македонската кугларска лига за сезона 2022/23. Според планот новиот шампионат треба да започне од од десетти септември. Оваа сезона девојките се враќаат да се натпреваруваат со машките екипи.