Нова убедлива победа на кугларите на Вардар пред клучното дерби со Макпетрол

Изминатиов викенд беше комплетирано деветото коло од Македонската кугларска лига, во кое двете екипи на Вардар забележаа убедливи победи, додека кугларите на Пелистер како гости го добија дербито со ГТЦ Мусандра.

Машкиот тим на Вардар со убедливи 0-8 славеше против дамите на ГТЦ Мусандра, а со тоа на еден начин се загреваше за големото дерби со Макпетрол во следното коло, меч кој најверојатно ќе го даде шампионот за оваа сезона.

Девојките од Битола со 7-1 загубија на гостувањето кај Вардар Б, додека најнеизвесно беше на дуелот меѓу ГТЦ Мусандра и Пелистер 1982, на кој битолчани по многу борба извојуваа победа од 3-5. Шампионот Макпетрол во ова коло беше слободен. 

  • Резултатите од деветтото коло: