Неуспешен старт на македонските куглари на СП во Клуж

Унгарските репрезентативци беа кобни за македонските куглари на Светското поединечно првенство во романскиот град Клуж. Борис Бенедик во првото коло го совлада Словакот Куна, но налета на фаворитот  Заплетан од Унгарија и загуби

Кај девојките, нашата Билјана Гаврилова беше поразена од Мехес од Унгарија, а тандемот Гаврилова-Бенедик капитулираа пред домашниот пар Дука-Михалчоју. 

Своето деби во текот на утрешниот ден ќе го има Бојан Влакевски, кој за противник доби еден од фаворитите, Германецот Матијас Дирнбергер.