Најнадежните македонски куглари добија стипендија од АМС

Стефанија Алексовска и Архан Арслановски, нашите најнадежни куглари, добија награда за напорната работа и се добитници на стипендија од страна на Агенцијата за млади и спорт.

„Македонските младински репрезентативци Стефанија Алексовска и Архан Арслановски се добитници на стипендијата „Спортска надеж“ за 2022/23 од страна на Агенција за млади и спорт. Како што е добро познато, овие два битолски куглари имаа одличен настап на овогодинешниот Светски Куп во Естонија“, се вели во објавата на Кугарската федерација на Македонија. 

Алексовска и Арслановски се членови на битолските кугларски екипи и од нив се очекуваат уште поголеми резултати во новата сезона.

Арслановски на шампионатот во Естонија имаше одличен настап во првата фаза и обезбеди финале, додека Алексовска за малку не го повтори успехот на својот колега.