Најдобриот македонски куглар од Хрватска се сели во Германија

Најдобриот македонски куглар и еден од најдобрите во Европа во овој момент, Бојан Влаќевски во иднина ќе има нов предизвик, затоа што ја прифати понудата на Ноенкирхен и во следната сезона ќе настапува во германскиот шампионат. 

По две години одлична соработка и многу успеси во Интер Запрешиќ, македонскиот репрезентативец им се заблагодари на хрватските колеги и потпиша за еден од најдобрите германски тимови.

„Претставници  на клубот беа во Загреб (Хрватска) и по тешките преговори успеаја да најдат заеднички јазик со еден од најдобрите десет куглари на светот. Горди сме што ќе го имаме Бојан Влаќевски во нашиот тим“, велат од редовите на Ноенкирхен.

Влаќевски својот врв на кариерата го достигна пред нешто повеќе од една година, кога со хрватскиот тим го освоија најпрестижниот кугларски клупски трофеј во Европа.