Надминат успехот на Кометал ЃП, Макпетрол е најуспешниот спортски колектив во историјата на Македонија!

Кугларскиот клуб Макптерол продолжува со доминацијата во домашното првенство, откако од овој викенд и официјално е старо-нов шампион на нашата земја. 

Со победата од 6-2 над ГТЦ-Мусандра, кугларите на Макпетрол ја освоија 15. последнователна титула, од вкупно 18 што претставува државен рекорд според бројот на шампионски титули во конкуренција на сите спортови.

Досега „нафташите“ со 17 титули го делеа рекордот на најмногу освоени титули во домашните првенства со женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров, а од овој викенд испишаа нова страница во македонскиот колективен спорт. 

Вицешампион оваа сезона повторно е тимот на Вардар 2014, третото место им припадна на кугларите на  ГТЦ Мусандра, додека битолска Хераклеа заврши на четвртата позиција.