Надежните куглари Арслановски и Алексовска ги завршија настапите на СК во Естонија

Македонските млади куглари го завршија својот настап на Светскиот Куп за младинци, што се одржа во Елва, Естонија. 

Архан Арслановски денес настапи во финалната серија, но не успеа да го повтори вчерашниот резултат и заврши на осмото место, додека Стефанија Алексовска забележа резулат од 553 кои не беа доволни за влез во финале и се пласира на дванаесеттото место. Во конкуренција на држави, Македонија заврши на дванаесеттата позиција, пред домаќинот Естонија и Италија.

Резултатите на нашите куглари на Светскиот Куп во Естонија 2022:

  • Архан Арслановски во квалификации како седми успева да се пласира во завршница. Резултат: 578 (205)
  • Стефанија Алексовска во квалификации се пласира на дванаесеттото место без можност да игра во завршница. Резултат: 553 (175)
  • Тандем микс се пласиравме на дванаесеттото место пред Италија и Естонија. Резултат 1.109 (Архан 564, Стефи 545)
  • Машко финале: Архан се пласира на осмото место. Резултат 516 (148)
  • Комбинација мажи: Архан се пласира на деветото место на Светскиот Куп
  • Комбинација жени: Стефи се пласира на дванаесеттото место на Светскиот Куп
  • Како нација сме со вкупни резултати на дванаесеттото место пред Италија и Естонија