Младиот куглар Арслановски се пласира во финалето на СК во Естонија

Младиот македонски куглар Архан Арслановски бележи одлични резултати на Светскиот Куп за младинци, кој што се игра во Елва, Естонија.

Членот на Пелистер имаше врвни резултати во првиот ден од шампионатот и заслужено се најде во финалната серија во овој собир. Арслановски со исклучителна игра успеа да влезе во најдобрите осум машки играчи на Светскиот Куп со резултат 578 (205) пласирајќи се на седмото место. 

За разлика од него, Стефанија Алексовска забележа резулат од 553 кои не беа доволни за влез во финале и се пласира на дванаесеттото место.