Макпетрол во Србија ја темпираше формата за новата кугларска сезона

Maкедонскиот кугларски првак, Макпетрол, ги започна подготовките за новата сезона во домашното првенство, во кое одново ќе биде голем фаворит за шампионскиот трофеј.

Во изминатиов период, еден од најтрофејните спортски колективи во Македонија учествуваше на турнирот „Трофеј Београд“ каде се сретна со селекција на Град Белград, и на култната „Бањица“  беше поразен со 6-2; 18,5-13,5; 4540-4406. Топ 6 = 3487-3359

1. Младен Јовановиќ (Партизан) - Душко Ајдин 3-1; 579-570
2. Никола Матијаш (Партизан) - Милош Радојичиќ 3-1; 591-568
3. Илија Јевремовиќ (Београд) - Владимир Даниловски 3-1; 608-524
4. Игор Гајиќ (Раковица) - Дарко Марковиќ 0,5-3,5; 531-591
5. Дамир Плеша (Технохемија) - Ибрахим Мемеди 3-1; 559-523
6. Стефан Поповиќ (Технохемија) - Сашо Трпковски 2-2; 556-540
7. Милош Симијоновиќ (ЦЗВ) - Младен Донковски 3-1; 594-547
8. Александар Петковиќ (ЦЗВ) - Игор Беличански 1-3; 522-543
Ивица Матиќ - 515
„Трофеј Београд“ U-23, Александар Младеновски – 542

Новата сезона во кугларската Прва лига на Македонија започнува на почеток на септември.