Макпетрол симнат од тронот по две децении, Вардар нов кугларски шампион на Македонија

По цели две децении, кугларскиот клуб на Макпетрол ја предаде круната од домашниот шампионат и нов првак на Македонија е екипата на Вардар.

Откако пред две седмици „црвено-црните“ славеа во големото дерби со „пумпашите“, јасно беше каде ќе заврши овосезонскиот трофеј. 

Вардар по тој триумф имаше задача да ја потврди  улогата на фаворит на останатите натпревари до крајот на сезоната, а откако славеше против големиот ривал Пелистер и официјално го запиша најголемиот клупски успех во историјата. 

Макпетрол по долги години владеење ќе мора да се задоволи со вицешампионското место, додека за третата позиција ќе се борат битолски Пелистер и ГТЦ Мусандра.