Макпетрол се врати на тронот – 21 пат е кугларски шампион на Македонија!

Откако минатата сезона екипата на Вардар приреди изненадување и за првпат во својата клупска историја стана првак на Македонија, кугларскиот клуб на Макпетрол експресно се врати на врвот во домашното првенство.

Најтрофејниот спортски колектив во нашата држава на доминантен начин го врати приматот – шампион на Македонија во куглање. До новиот трофеј, кугларите на Макпетрол стигнаа без ниту еден пораз, односно осум победи од исто толку средби. Најдобар поединец беше Урош Јагличиќ со просек од 601.83.

Сезона на Макпетрол низ бројки
- 8 победи, 0 нерешени, 0 порази
- Поен количник 56 :8 
- Сет количник 138 :54
- Резултат количник 27146 : 25281
- Просечен натпревар во ПМКЛ, 7 :1 | 17,25 : 6,75 | 3393,25 : 3160,13

 Поединечни просеци, сезона 2021/22
1. Урош Јагличиќ - 601,83 (6)
2. Ибрахим Мемеди - 573,2 (5)
3. Сашо Трпковски - 569,14 (7)
4. Младен Донковски - 566 (5)
5. Дарко Марковиќ - 565,2 (5)
6. Владимир Даниловски - 563,33 (3)
7. Игор Беличански - 552,42 (7)
8. Душко Ајдин - 551,37 
9. Петар Радовиќ - 535 (2)

За Макпетрол ова е дури 21 трофеј во домашниот шампионат, а истиот е прославен на денот на четвртио роденден на клубот.  Вицешампион оваа сезона е Пелистер, што е најголем успех на битолскиот прволигаш.