Макпетрол реди победи, а рекордот е на куглар на Вардар

Макпетрол останува доминантен во македонскиот кугларски шампионат, но рекордот кој овој викенд беше соборен во рамките на 9. коло на кугларскиот шампионат на Македонија е во сопственост на куглар на Вардар. 

Во победата на Вардар против ГТЦ со 7-1 (3.608 - 3.337), кугларот на вардарци, Димитар Димитровски собори 655 дрва, што е рекорд на соборени дрва за еден лигашки меч. 

На вечната листа Бојан Влакевски со 649 дрва е на второто место, а Тодор Манев од ГТЦ собори 581 дрво и од вчера е трет. Во останатите мечеви од тековното коло Макпетрол во Битола ја совлада Хераклеа со 1-7, Империјал Тобако на домашен терен загуби од 18 август со 2,5 - 7,5.