Макпетрол пак го освои кугларскиот турнир „Гаврило Гаврилски“

Најтрофејниот македонски кугларски клуб продолжува со победи. Скопскиот клуб го одбрани трофејот на традиционалниот меѓународен турнир „Гаврило Гаврилски“, кој се одржа во кугларницата „Мусандра“ во Скопје. За Макпетрол ова е трет триумф, откако собори 3.410 кегли.

Макпетрол до првото место стигнаа со вкупно 3.296 соборени кегли, втора беше селекцијата составена од играчи што настапуваат во Македонската кугларска лига, со 3.282 соборени кегли, трет е Крагуевац (Србија) со 3.256, а четврта е Црвена звезда (Србија) со 3.212 соборени кегли. Во поединечна конкуренција најмногу кегли собори Пецо Димовски (587) од КК Вардар 2014, од селекцијата на куглари што играат во македонската лига, втор резултат оствари Александар Милинковиќ (581 кегли) од Крагуевац, а трет Јовица Штиковиќ (576) од Црвена звезда.

Макпетрол на меѓународната кугларска сцена најголемиот успех го оствари во 2012 година, кога го освои вицешампионското место во Купот на НБЦ.