Макпетрол останува перфектен и по петтото коло од кугларскиот шампионат 

Со убедливиот триумф на Макпетрол над Вардар вчера беше комплетирано петтото коло од кугларскиот шампионат на Македонија. Шампионот одигра нов моќен натпревар и со високи 7-1 славеше над градскиот ривал, со што ја продолжи серијата победи, која започна од самиот старт на новата сезона. 

Во рамки од ова коло најубедливи беа кугларите на ГТЦ Мусандра, кои со 8-0 триумфираа над женскиот тим на овој клуб. На останатите натпревари Империјал со 7-1 славеше над ЖКК Пелистер, додека машкиот тим на Пелистер со 6-2 извојува победа над 18 август. 

По пет одиграни кола Макпетрол е лидер со максимални 10 бода, втор е Пелистер со 8, па следуваат Мусандра и Вардар со по шест бода.