Макпетрол ја продолжи 15-годишната доминација во кугларскиот шампионат

Кугларите на Макпетрол ја одбранија титулата во кугларскиот шампионат на Македонија, совладувајќи го во последното 10. коло директниот конкурент Вардар 2014 со 6-2. Со тоа Макпетрол ја продолжи својата доминација во кугларскиот шампионат на Македонија, која трае веќе 15 години. 

Се чини дека клучно за освојување на титулата за Макпетрол е тоа што во тимот имаат шест играчи со сличен квалитет, за разлика од Вардар кој ги има најдобрите двајца поединци во лигата, но сето тоа се покажа како недоволно за симнување на „нафташите“ од тронот.

Сега следи нов предизвик и за двете екипи, а тоа е Купот на Македонија, каде во улога на бранител се јавува екипата на Варадар.

Табела:
Макпетрол 19
Вардар 17
ГТЦ Мусандра 10
Хераклеа 10
18 Август Адинг 6
Империјал тобако 0