Макпетрол го „размонтира“ Вардар во кугларското дерби на Македонија

Со натпреварот меѓу Вардар и Макпетрол беше затворено 14. коло од кугларскиот шампионат на Македонија. 

Во големото градско дерби, можеби полесно од очекуваното, победа славеше актуелниот шампион Макпатрол, кој во кугланата „ВИП“ при С.Ц „Борис Трајковски“ го совлада противникот со убедливи 1-7. Во рамки од ова 14. коло победи извојуваа и екипите на Хераклеа и ГТЦ Мусандра. Битолскиот тим со високи 1-7 триумфираше над 18 Август 2016, додека Мусандра со минимални 5-3 беше поуспешна од Империјал Тобако. 

Макпетрол со скор од 13 победи и само еден пораз сè уште е лидер на табелата, втората позиција ја делат Вардар и Мусандра, додека четврти е тимот на Хераклеа.