Макпетрол си го врати Куп-трофејот, Хераклеа немоќна за ново изненадување

Кугларскиот клуб Макпетрол продолжува со доминацијата на домашно тло, откако оваа сезона по освојувањето на рекордната 18. титула во првенството, синоќа се закити и со златниот медал од националниот Куп. 

Во големото финале, одиграно во кугланата при СРЦ „Борис Трајковски“, Макпетрол со убедливи 6-2 (3.329-3.164) славеше над битолскиот клуб Хераклеа и на еден начин му се реваншира за болниот првенствен пораз во Битола од пред некој месец. Стартот на мечот му пропадна на шампионот, кој веднаш поведе со 2-0. Во вториот блок Поповски со 524 дрвца го освои првиот поен за битолскиот клуб, но Трпковски го доби дуелот со Колев за предност на Макпетрол од 3-1. Во финалниот блок Беличански и Николовски беа поуспешни од Михајловски и Димовски за конечна победа на Макпетрол од 6-2. Вториот поен за Хераклеа го освои Димовски, додека најуспешен куглар кај битолскиот тим беше Михајловски со 545 срушени дрвца. 

Што се однесува до првенството, кое заврши пред две седмици, Макпетрол во 14 победи и само еден пораз сосема заслужено славеше 16. титула во низа. Вицешампион оваа сезона повторно е тимот на Вардар 2014, третото место им припадна на кугларите на ГТЦ Мусандра, додека Хераклеа заврши на четвртата позиција.