Макпетрол го доби дербито со Вардар, Пелистер се „лизна“ кај ГТЦ Мусандра

Викендов започна македонската кугларска лига и веднаш во првото коло се одиграа два дерби натпревари помеѓу Вардар и Макпетрол и ГТЦ и Пелистер.

Првиот натпревар помеѓу актуелниот шампион Макпетрол и првакот од пред две сезони, Вардар заврши со победа на „пумпашите“ од 6-2. Дербито на двата последни шампиони започна со водство на „црвено-црните“ по првиот блок (2-1). Во вториот блок Макпетрол успеа да се извлече од неизвесноста и на крај убедливо со 6-2 ја впиша првата овосезонска победа.

Поени за Макпетрол освоија Сашо Трпковски, Младен Донковски, Дарко Марковиќ (интернационалец), Игор Беличански и Младен Донковски. Кај Вардар 2014, поени освоија Коста Манев, кој беше и играч на натпреварот и најдобар куглар во првото коло и Милош Миливојевиќ (интернационалец).

Натпреварот ГТЦ Мусандра – Пелистер 1982 заврши со победа на скопскиот тим со резултат 5-3. Пелистер, иако како гостин важеше за фаворит, но натпреварот беше неизвесен до последните кугли, со тоа што предноста од домашната куглана кугларите на ГТЦ ја искористија на најдобар можен начин, додека пелистерци не успеаа да се снајдат најдобро. Поените за ГТЦ ги зедоа Менсур Ајдин, Александар, Блажевски и Игор Коцев додека кај пелистерци, поени освоија Цане Колев, кој воедно беше и играч на овој натпревар, Цане Поповски и Влатко Трајчевски. 

Останатите два натпревари помеѓу машките Б екипи на Вардар и Макпетрол против женските екипи на Пелистер Пин и ГТЦ Мусандра беа однапред предвидливи и истите завршија со 7-1 во полза на машките. Поени во овие дуели освоија Стефанија Алексовска од Пелистер Пин и Милена Петрески од ГТЦ Мусандра.