• Горан Упале
Со комплетирање на 14. коло од Македонската кугларска лига, дилемата околу првото место веќе е разрешена. Макпетрол е старо новиот шампион на Македонија.
Во дуел со ГТЦ Мусандра, „нафташите„ успеаја да соборат 3466 кегли, што е ретка глетка на скопската куглана и воопшто во македонската кугларска лига оваа сеозна. Со оваа победа покрај тоа што значително се одлепи од второпласираната екипа во лигата, Макпетрол потврди и дека шампионската титула нема да замине кај друга екипа.
Кугларскиот клуб Вардар 2014, во моментот е на комотното второ место, а пелистерци својата шанса за второ место на табелата ќе ја бараат со убедлива победа токму над Вардар во 15. коло и најмалку нерешен резултат со Макпетрол.
Што се однесува кај дамите, битолската екипа на Пелистер Пин е убедливо пред екипата на ГТЦ Мусандра.