Македонските куглари за Светското првенство ќе се подготвуваат во Битола

Во кугланата при спортската сала „Боро Чурлевски“ Битола, машката сениорска кугларска репрезентација ќе ги одработи подготовките за Светското поединечно првенство во Швац, Австрија кое ќе се одржи од 30 мај до 6 јуни оваа година.

Кугларската федерација на Република Македонија одлучи и побара од општината тренинзите да бидат во Битола, со оглед модерните услови во куглањето кои ги има новата куглана во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Тренинзите ќе бидат од 27 април до 27 мај. Инаку кугланата во Битола има лиценца и за одржување на меѓународни натпревари.