Македонските куглари со пораз од Словачка го отворија Мундијалот во Полска

Македонската кугалрска селекција со пораз ги започна настапите на Светското првенство во Полска, откако во првото коло од групната фаза беше поразена од репрезентацијата на Словачка.

Нашите куглари како да изгореа од желба од важноста на судирот со Словаците, а тоа ги чинеше висок пораз од 7-1. Можеби поразот од шест разлика делува убедлив, но македонските куглари имаа одличен настап и речиси секој дуел го загубија со минимален резултат. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Македонија и Словачка:

Мемеди загуби со само 15 дрвца, Фучкар со само два, Трпковски беше најдобар во нашиот табор (645), но на спротивната страна имаше расположен ривал и кој имаше само седум повеќе соборени дрвца.

Со овој пораз шансите на Македонија да влезе во вториот круг драстично се намалија, затоа што сега ѝ треба победа против фаворитот во групата Србија, меч кој се игра утре со почеток од 11:30 часот.