Македонските куглари со победа го завршија Светското првенство во Хрватска

Со убедлива победа од 8-0 против Данска, македонските куглари го освоија третото место во групата Б на Светското првенство во Вараждин, што не е доволно за продолжување во наредната фаза. Во првите две кола нашите куглари беа поразени од фаворитите Чешка и Србија, кои ги освоија првите две места во групата. Во првото коло Чешка беше подобра од Македонија со 6-2, додека во дуелот со Србија одигравме подобро и бевме минимално поразени со 5-3.

Младен Донковски имаше извонреден поединечен настап на последните два меча со Србија и Данска. Во дуелот со Србија, нашиот најдобар куглар собори 694 дрва, додека во натпреварот со Данска, 653 дрва.

Девојките претрпеа три убедливи порази во групата. Во првото коло со 8-0 загубивме од Германија, а со истиот резултат не совлада и Франција. Единствениот бод го освоивме на дуелот со Австрија, каде загубивме со 7-1.