• Горан Упале

Најдобрите македонски клубови во изминатите неколку дена беа дел од европската елита и своите сили ги одмеруваа со најдобрите екипи на стариот континент.
Екипата на Вардар се натпреваруваше на Светскиот Куп во Оточац, Хрватска, како претставник и шампион на Македонија и овој турнир го заврши на 13-та позиција. Одличен настап на овој собир имаше Георг Поп Крстев со 623 дрва и Милош Миливојевиќ со 594.
Најтрофејниот македонски клуб Макпетрол, кој минатата сезона остана без шампионскиот трофеј, заврши на 10-то место на НБЦ Купот во Германија, додека одличен пласман имаа и битолските куглари.
Пелистер зеде учество на Европскиот Куп во Словенија и се пласира на единаесетто место. Во редовите на „зелено-белите“ најдобар беше Пеце Димовски со 585 и искусниот Цане Колев со 584 соборени дрва.