Македонија со пет претставници на СП во куглање во Романија

Македонските куглари Влаќевски-Димитровски се пред нов поредизвик оваа сезона. По фантастичните резултати и „еден-два“ победата на „Запрешиќ Опен“ во Хрватска, каде се одржа турнир од “А“-категорија, нашите натпреварувачи го потврдија учеството на Светското првенство во куглање. 

Покрај Бојан Влаќевски и Димитар Димитровски, Македонија во името на репрезентативецот Бенедик Борис ќе има и трет учесник. Кај дамите пак, ќе се натпреваруваат Билјана Граврилова и Тања Трпковска, кои идната сезона ќе ги бранат боите на новоформираниот тим ЖКК ГТЦ Мусандра.

Овој планетарен собир ќе се одржи од 20 до 25 мај во градот Клуж, Романија.