Македонија по шест години пак ќе има екипа на едно Светско кугларско првенство 

Кугларската репрезентација на Македонија по пауза од шест години повторно ќе биде дел од еден голем планетарен собир.

Благодарение на големите напори кои ги вложија новите раководни луѓе во федерацијата, Македонија успеа да пријави своја екипа на претстојното Светско првенство, кое ќе се одржи во Чешка. 

Селекторот Дамир Фучкар, кој иако е Хрват долги години ги брани боите на Македонија, веќе го објави список на повикани куглари, список кој е поделен во две групи. Првата група е составена од четворица куглари кои сигурно ќе настапат на Светското првенство - Борис Бенедик, Бојан Влаќевски, Димитар Димитровски, Дамир Фочкар, додека во другата се наоѓаат десет куглари кои ќе се борат за преостанатите шест места. 

  • Поширок список на селекторот Фучкар за СП во Чешка: 

1. Сашо Трпковски (Скопје)
2. Младен Донковски (Скопје)
3. Александар Соколовски (Битола)
4. Ибрахим Мемеди (Скопје)
5. Игор Беличански (Скопје)
6. Дарко Димитровски (Скопје)
7. Зоран Ристиќ (Скопје)
8. Кристијан Костов (Скопје)
9. Пецо Димовски (Битола)
10. Никола Андоновски (Битола)

Светското првенство во Чешка на програмата е во мај оваа година. Македонија последен пат на еден планетарен екипен собир играла во 2013 кога го оствари и најголемиот успех - освојувањето на сребрениот медал.