Кугларскиот првак Макпетрол осамен на челната позиција по првиот круг на првенството

Овој викенд завршија планираните пет кола од есенскиот дел на Македонската кугларска лига, а очекувано на челната позиција се наоѓа актуелниот шампион, КК Макпетрол. 

По пет одиграни натпревари, големиот фаворит успеа да забележи исто толку победи, а последна „жртва“ на Макпетрол беше тимот на ГТЦ Мусандра, кој беше поразен со убедливи 6-2. На втората позиција со скор од четири победи и еден пораз (од Макпетрол) застана тимот на Вардар 2014, ГТЦ Мусандра е трета, ИТ ТКС е четврти, Хераклеа е петта, но има два меча помалку, додека на последната позиција прет паузата се наоѓа 18 Август. 

По паузата, која ќе трае до почетокот на идната година, следуваат уште два круга од по пет натпревари, а 6. коло е закажано за 20 јануари 2018 година.