Кугларскиот клуб Вардар пријави учество на НБЦ-Купот во Романија

Кугларскиот шампион на Македонија од пред две сезони, Вардар, пријави ново учество на меѓународна сцена.

„Црвено-црните“ во сезоната која што претстои, покрај обврските во домашните натпреварувања, својот квалитет ќе го испробаат и во НБЦ-Купот, кој оваа година ќе се одигра во Клуж, Романија каде ќе учествуваат екипи од цела Европа.

Овој шампионат ќе се одржи на почетокот на октомври. Покрај Вардар на меѓународна сцена најверојатно ќе учествуваат и шампионот Макпетрол и битолски Пелистер, но засега не се знае во кои натпреварувања.

Новата сезона во Македонската кугларска лига започнува на почетокот на септември и ќе брои десет екипи.