Кугларот Столе Ѓорѓиевски се реактивира, ќе биде регистриран за Вардар-Б

Во новата сезона нa кугларскиот шампионат на Македонија, веќе се одиграни две кола. Кугларскиот клуб Вардар сериозно започна да инвестира во македонското куглање. Двата тима кои играат во елитната категорија имаат солиден број на играчи во ростерот, но покрај тоа „црвено-црните“ се засилија.

Најново име во вардаровиот ростер е Столе Ѓорѓиевски. Тој се враќа на овој спорт по речиси една деценија пауза. Станува збор за член на кугларскко семејство, бидејќи овој спорт го практикуваа и неговиот татко и чичко.  

32-годишниот Ѓорѓиевски настапуваше за тимот на ТКЦ. Тој ќе биде регистриран во тимот на Вардар-Б.