Кугларот Димитар Димитровски од Хрватска направи трансфер во Австрија

Најдобриот македонски куглар, кој воедно е и селектор на машката сениорска репрезентација, Димитар Димитровски, ќе има нов предизвик во својата интернационална кариера.

Искусниот куглар по одличните настапи во екипата на Мертојак од Хрватска со која играше во завршницата на Лигата на шампиони оваа година, веќе направи трансфер во австрискиот СК ФВТ Нојнкирхен.

За Димитровски ова е еден голем чекор напред во богатата кариера, а во новиот клуб го чека уште еден Македонец и еден од најдобрите кугалари во Европа, Бојан Влаќевски.