• Горан Упале

Кугларската репрезентација на Македонија забележа нов неуспех на Светското првенство во Чешка, откако во драматичен натпревар минимално беше поразена од домаќинот со вкупен резултат од 5-3 и тоа за само 13 кегли.
Бојан Влаќевски отвори одлично и со 683 соборени кегли донесе наше водство, но неговите соиграчи не успеаја да го задржат темпото и Чешка не само што израмни, туку и поведе со 1-3. Во продолжение Фучкар и Бенедик имаа фантастичен настап, но не успеаја да ја достигнат негативата која ја наследија, па така домаќинот на крај славеше со минимални 5-3.
Сега пред нашите куглари преостанува уште само еден натпревар против фаворизираната Србија, но дури и да оствариме победа, веќе немаме можност да влеземе во вториот дел од Светското првенство.