Кугларите во група со Германија, Австрија и Франција на СП, кугларките против Србија...

Македонските кугларски репрезентации во машка и женска категорија во последен момент го пријавија своето учество на претстојното Светско првенство во Вараждин, Хрватска. 

Поради блокирана сметка, федерацијата не можеше да обезбеди услови за учество на нашите репрезентативци на собриот следната година, но кугларите и кугларките решија со сопствени средства да отпатуваат за Хрватска, со цел да ја претстават својата држава.

По завршувањето на рокот за пријавени репрезентации, во Чешка беше извршена ждрепката за групната фаза. Машката селекција на Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Германија, Австрија и Франција, додека и дамите се сместени во Б групата и ќе се судрат со Србија, Чешка и Данска. 

Планетарниот собир во Вараждин ќе се одржи од 18 до 28 мај, следната година.