• Зоран Мишевски

Kугларскиот клуб Вардар ќе ја преставуваат Македонија на Европскиот Куп.
Изминатата сезона вардарци ја заврши на третата позиција во Македонската кугларска лига и во Купот на Македонија во куглање. Момците на Драги Димитровски ќе се подготвуваат со шампионот во ова натпреварување, Мертојак од Хрватска.
Скопјани ќе одиграат подготвителен тест-дуел во Скопје со мертојак на 6 септември во кугларницата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје.
Оваа година Европскиот Куп ќе се игра во Запрешиќ, Хрватска.