Кугларите на Пелистер се вратија од подготовките во БиХ

Кугларите на Пелистер се вратија од зимските подготовки кои ги минаа во Босна и Херцеговина, во Приедор и Бања Лука.

Тренерот на КК Пелистер, Игор Михајловски за минатите подготовки вели:

„Според тоа како работевме и трениравме, не погрешивме што заминавме на овие подготовки. Битолските куглари имаа прилика да тренираат на најновата куглана на Балканот во градот Приједор. Ова за нас е важно, бидејќи тие делеа случна судбина со битолските куглари и неколку години патуваа во најблиската куглана на 90 километри во еден правец. Но, сега добија модерна куглана, која е домаќин на најсилниот и  најмасовниот турнир на Балканот, со учество на повеќе од 300 куглари од пет земји. Ние настапивме во компетен состав и сум задоволен од постигнатите резултати, меѓу кои има и лични рекорди“, вели Михајловски.

На Приједор опен, битолските куглари ги постигнаа следните резултати: Пецо Димовски 593, Цане Поповски 585, Цане Колев 569, Тоде Ристевски 560, Игор Михајловски 556, Александар Младеновски 521 и Архан Арслановски 516 соборени дрва.