Кугларите на Пелистер ги почнуваат подготовките, главниот предизвик е Европскиот куп!

Кугларскиот клуб Пелистер 1982 на 21 јули ги стартува подготовките за новата сезона, во која ќе има можност да ја претставува Македонија на европската сцена.

Како актуелен вицешампион на Македонија, битолчани ќе настапат во Европскиот Куп, кој во октомври ќе се одржи во Бачка Топола, Србија. Таму Пелистер ќе ги одмери силите со најдобрите клубови од Европа и ќе биде дел од едно од најпрестижните клупски натпреварувања во куглањето.

Во клубот истакнуваат дека секој тренинг во подготвителниот период ќе биде насочен кон што подобра подготовка за европскиот предизвик, со желба достојно да ги претстават клупските бои, Битола и Македонија. Подготовките започнуваат на 21 јули.