Кугларите на Пелистер дел од елитата, ќе играат на Светскиот Куп во Германија

Кугларскиот клуб Пелистер 1982 пишува нова страница во својата историја, откако за првпат ќе учествува на најелитниот кугларски куп (Светски Куп), кој оваа година се одржува во Лудвигсхафен, Германија.

И покрај големите проблеми кои со децении ги носат на свој грб, како немањето на лиценцирана куглана, односно минималните услови за тренинг, битолските куглари не отстапуваат од своите амбиции и желбата да се натпреваруваат со светската елита. Светскиот Куп во Германија ќе се одржи од 2 до 5 октомври оваа година. 

Пелистер 1982 изминатата сезона го остварија својот најголем успех, откако за првпат станаа вицешампиони во домашниот шампионат.