Кугларите на Македонија обезбедија четвртфинале на СП, ќе се судрат со актуелниот шампион

Кугларската репрезентација на Македонија ќе игра во четвртфиналето на Светското првенство кое се одржува во Унгарија. 

Ривал на кугларите ќе им биде актуелниот екипен првак од минатиот Мундијал, селекцијата на Австрија. Нашата репрезентација стигна до четвртфиналната фаза со две победи и пораз, додека Австријците беа беспрекорни. 

Во групната фаза Македонија загуби на стартот од Чесите, додека потоа ги совлада репрезентациите на Хрватска и Франција. 

Четвртфиналната пресметка меѓу Македонија и Австрија е закажана за в четврток во 12:30 часот.