Кугларите на Хераклеа ќе се судрат со Макпетрол во Куп-финалето

Екипата на Хераклеа е вториот патник во големото финале на кугларскиот Куп на Македонија. Битолскиот тим стигна до овој успех откако ревашнот против Империјал Тобако заврши со резултат 4-4.

Во првиот полуфинален дуел, кој се одигра пред два дена, очекувано шампионот Макпетрол не само што ја одбрани разликата од првиот натпревар туку извојува и сигурна победа во возратниот меч над ГТЦ. 

Последниот меѓусебен дуел на шампионот Макпетрол и амбициозниот тим на Хераклеа заврши со победа на битолскиот тим од 6-2, што наговестува супер-неизвесен финален дуел во националниот Куп.